Арне Слот го подготвува првиот трансфер: Доаѓа фудбалер кој настапува на иста позиција со Салах

Холандскиот тренер Арне Слот од први јуни и официјално треба да седне на клупата на Ливерпул и да го наследи Јирген Клоп. Иако сè уште нема официјална презентација, ниту објава дека токму тој ќе биде новиот тренер на Црвените“, сепак, веќе се подготвува првиот трансфер во Ливерпул летово.

Слот досега беше тренер на Феенорд, а фудбалер на ПСВ Ајдховен се очекува да биде првото летно засилување кое ќе пристигне на „Енфилд роуд“. Се работи за 21-годишниот Јохан Бакајоко, репрезентативец на Белгија, кој настапува на истата позиција како и Мохамед Салах. Останува нејасно дали фудбалерот ќе биде донесен за да му биде резерва на интернационалецот од Египет или Салах ќе го напушти Ливерпул, па се бара негова замена.

Бакајоко во моментов вреди 40 милиони евра, а со ПСВ има договор до 2026 година. За репрезентацијата на Белгија има одиграно 10 натпревари, на кои постигна еден гол.

- Оглас -

Најнови вести