16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Арне Слот го посакува Рабио во средниот ред на Ливерпул

Англискиот премиерлигаш Ливерпул тргнува по потписот на францускиот репрезентативец Адриен Рабио. Тој официјално се раздели со Јувентус каде настапуваше во изминатите пет сезони и како слободен агент ова лето ќе го избере новиот клуб.

Новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, побарал од раководството да се обиде да го доведе Рабио на „Енфилд“ верувајќи дека тој може да биде еден од носителите на играта во средниот ред заедно со Алексис Мекалистер.

Рабио последните пет сезони ги мина во дресот на Јувентус, каде одигра 157 натпревари и постигна 18 гола, а претходно настапуваше за Пари Сен Жермен.

За Французинот постои интерес и од Реал Мадрид и од Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести