26.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Арне Слот избран за најдобар менаџер во Премиер лигата за август

Стратегот на Ливерпул, Арне Слот, е избран за најдобар менаџер во август во Премиер лигата. Холанѓанецот го освои признанието поради трите победи на Црвените во првите три кола, единствениот тим со максимален ефект.

Ливерпул постигна осум гола, најмногу во лигата, совладувајќи ги Борнмут (4-2), Њукасл (3-2) и Арсенал (1-0). Со ова Црвените ја потврдија намерата да бидат главен кандидат за титулата.

За Слот ова е втора ваква награда, по ноември 2024 година, во неговата дебитантска сезона во Премиер лигата.

Кога е во прашање најдобриот играч во Премиер лигата за првиот месец од сезоната, тоа е можеби уште поголемо изненадување. Џек Грилиш блесна во дресот на Евертон по трансферот од Манчестер сити, забележа веќе четири асистенции и го доби признанието за најдобар фудбалер за август.

- Оглас -

Најнови вести