Арне Слот откри зошто одлучил да ја прифати понудата

Останаа уште 10 дена, а потоа Ливерпул започнува нова приказна, и тоа со Арне Слот како тренер. Англискиот гигант одлучи да му ја даде довербата на холандскиот стратег, кој ќе биде предводник од клупата на „Енфилд роуд“ во следните три сезони. Слот во Ливерпул доаѓа од тимот на Феенорд.

„Воопшто не беше лесна одлуката да ја затворам вратата на клубот во кој имав поминато толку многу убави моменти. Работев со прекрасни луѓе, имавме добри резултати. Но, како човек од спортот, не можев да ја пропуштам можноста да станам главен тренер во Премиер лигата, и тоа во еден од најдобрите клубови во светот. Тоа тешко се игнорира. Им благодарам на лужето од Феенорд за нивната подготвеност да соработуваат во целата оваа ситуација. Феенорд е клубот во којшто ги доживеав моите први големи тренерски успеси и како фудбалски навивач сигурно ќе ги следам настапите и резултатите на овој клуб. Им посакувам сè најдобро во иднина“, рече Слот во својата прва реакција откако беше назначен за нов предводник на Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести