Арне Слот потврди: Јас сум новиот менаџер на Ливерпул

Досегашниот тренер на Феенорд, Арне Слот, денеска потпишал договор со Ливерпул, а и самиот го потврди тоа. Клубот уште не ја официјализираше веста, но факт е дека Слот ќе биде наследникот на Јирген Клоп.

„Можам да потврдам дека ќе бидам тренер на Ливерпул следната сезона. До сега не размислував за мојот последен натпревар во Феенорд, но како се ближи мечот, така чувството станува посилно. Се збогував со некои луѓе лично, сакав да одвојам време за нив, за повеќе од само ракување. Убаво е да се почувствува дека луѓето навистина мислат дека е штета што си заминувам“, изјави Слот кој три години го водеше тимот од Ротердам.

Последниот натпревар на Слот во Феенорд ќе биде в недела дома против Екселсиор. Истиот ден, Клоп на „Енфилд“ против Вулверхемптон за последен пат ќе го води Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести