Фудбалерите на Ливерпул играат одлична сезона во Премиер лигата, но во Лигата на шампионите се пред голем предзвик и двомеч против ПСЖ, кој игра во врвна форма. Арне Слот е свесен за тоа, па најави дека за противник ја имаат една од најдобрите екипи во Европа.
„Сите знаеме дека ПСЖ е една од најдобрите екипи во Европа. Секој што ги гледал последниве месеци ќе се согласи со мене. Двата тима се слични, сакаат да ја имаат топката и да работаат напорно беа неа. Се наѕира интересен судир. Во последната една и пол сезона, Луис Енрике изгради тим од кој веројатно е многу задоволен. Не само како колектив, туку и индивидуално. Ако го погледнете Дембеле, тој носи неверојатна вредност за екипата. Овој ПСЖ е уште подобар од тимот кој минатата сезона стигна во полуфиналето“, рече Слот.