Мохамед Салах е далеку од препознатливата форма со која Ливерпул дојде до трофејот од Премиер лигата минатата сезона. „Црвените“ имаа четири порази по ред, пред да го победат Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите на гости, а Мо Салах на овој меч не беше стартер.
Играчите понекогаш промашуваат шанси, тој е човек. Едноставно не сме навикнати тој да не ги реализира своите можности. Најважно е што тој секогаш постигнува голови за Ливерпул. Последното за што се грижам е дали Мо повторно ќе почне да дава голови. Тој тоа го прави целиот свој живот и очекувам да продолжи да го прави во следните недели и месеци. Во составот има доста промени и сите треба повторно да изградат меѓусебно разбирање.“ – рече Слот.

