11.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

Арне Слот во јануари ќе купи уште две засилувања за да ја спаси сезоната на Ливерпул?!

Ливерпул игра катастрофална сезона и е далеку од екипата која минатата сезона ја освои Премиер лигата. Црвените веќе имаат осум порази оваа сезона, а шест од нив се во првенството, што е за три повеќе отколку целата мината сезона.

Клубот од „Енфилд“ беше меѓу најактивните во летниот преоден рок и донесе многу засилувања, но Арне Слот сега планира да ангажира уште две големи засилувања. Планот на тренерот на Ливерпул е да ги купи Семенјо од Борнмут и Гехи од Кристал палас и на тој начин да се обиде колку толку да ја спаси сезоната.

Ливерпул веќе има огромни 11 бода заостанување и се чини дека многу рано ги изгуби шансите за одбрана на титулата.

- Оглас -

Најнови вести