36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Арне Слот во недела со победа може да влезе во историјата на Ливерпул

Ливерпул игра фантастична сезона во Премиер лигата и убедливо води на табелата, а во недела на „Енфилд роуд“ доаѓа Манчестер јунајтед. двете екипи најголемото англиско дерби го очекуваат од различни позиции на табелата, но и во различно расположение, а Арне Слот може да влезе во историјата на Црвените.

Првиот меѓусебен меч на овие две екипи оваа сезона на „Олд Трафорд“ заврши во корист на Ливерпул со 0-3, па со победа и на домашен терен, Слот ќе стане само вториот тренер во историјата на клубот кому му успеало во дебитанската сезона двапати да го победи најголемиот ривал.

Ваков подвиг единствено му успеало на легендарниот Џорџ Кеј, и тоа во далечната 1936/37 сезона. Она што е интересно, Кеј бил роден во Манчестер, но откако во 1936 година го презел кормилото на Ливерпул, тука се задржал цели 15 години и го сметаат како клупска икона.

- Оглас -

Најнови вести