Арне Слот задоволен: „Пласман во финале на „Вембли“ е нешто посебно“

Ливерпул со убедлива победа од 4-0 ја надомести негативата од еден гол од првиот полуфинален меч на англискиот Лига куп против Тотенхем. По мечот сосема очекувано тренерот на Црвените беше задоволен од прикажаното, но и од пласманот во финалето на Вембли.

„Пласманот во финалето е нешто посебно. Во Холандија има само еден Куп, а финалето е на крајот од сезоната, затоа ова е ново искуство за мене. Чувството е многу пријатно. Вембли е неверојатен стадион и знам што им значи тоа на Англичаните. И за холанѓаните, секако, бидејќи сме свесни за историјата на стадионот и големите финалиња кои се одржани таму. Ќе се соочиме со силен противник. Њукасл е одличен тим. Задоволен сум од тоа што го прикажа мојот тим. Имаме уште многу натпревари пред нас. Во Премиер лигата можам да користам само 20-мина фудбалери, но мислам дека треба да има повеќе, барем 22. Мислам дека играчите стануваат посилни кога играат повеќе натпревари“, рече Арне Слот по убедливата победа над Тотенхем.

Финалето на англискиот Лига куп помеѓу Ливерпул и Њукасл се игра на 26 март на „Вембли“ во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести