Арне Слот жестоко го критикува Нуњес: „Не можам да прифатам играч да не го дава својот максимум“

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека не е задоволен од ангажманот на Дарвин Нуњес на два од последните три натпревари.

Уругваецот речиси сигурно ќе го напушти клубот летово бидејќи ниту во својата трета сезона не успеа да ја оправда огромната сума вложена во неговиот трансфер од Бенфика, кој со бонуси достигнува и до 100 милиони евра.

Често беше цел на критики од навивачите на социјалните мрежи, додека на трибините добиваше поголема поддршка.

Сепак, огромен гнев се појави по неговото промашување против Астон вила минатата недела, кога имаше една од полесните задачи пред голот на Емилијано Мартинес. Тој ја промаши шансата за победа на Ливерпул и можноста тимот да се најде во покомфорна ситуација на врвот од табелата.

Не блескаше ниту против Вулверхемптон едно коло претходно, иако Ливерпул успеа да го добие тој натпревар.

„Не бев остар само кон него. Но, вторпат по ред не бев задоволен од неговата посветеност на теренот, против Волвс и против Астон вила. Не можам да прифатам играч да не го дава својот максимум. Тоа е јасно. Еднаш можеби, но двапати е премногу. Му го посочив тоа“, изјави Слот.

Дарвин Нуњес оваа сезона има постигнато шест гола во сите натпреварувања, заедно со пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести