Ракометниот клуб Веспрем, објави дека нивниот тренер на голманите, легендата Арпад Штербик, се чувствувал лошо, па отишол во болница, каде му бил дијагностициран срцев удар.
„Благодарение на брзата медицинска интервенција, се чувствува подобро и можеби утре ќе го напушти одделот за интензивна нега. На Арпи му посакуваме целосно закрепнување што побрзо!“, објавија од Веспрем.
Штербик во својата пребогата кариера настапуваше и за скопски Вардар со кој ја освои Лигата на шампионите.