Арсен Венгер во моментов работи како човек за развој на фудбалот во ФИФА, но, договорот му завршува на крајот од оваа сезона.
Легендарниот тренер на Арсенал, кој по 22 години на минати на клупата на „топчиите“ признава како му фали да биде повеќе инволвиран во фудбалот, најверојатно од јуни ќе биде нов спортски директор на ПСЖ.
„Многу сум среќен што со моите идеи донесов до промени во фудбалот, но сакам повеќе да сум инволвиран, па затоа сум и среќен што мојот договор со ФИФА завршува во јуни“ изјави Венгер.
Под негово водство, Арсенал освои три титули во Премиер лигата, од која последната беше во 2004 година. Во моментов, Леонардо е спортски директор на ПСЖ, но тој ќе си замине од овој клуб, во големите промени поради новата катастрофална сезона на францускиот првак.