1602 Болоња – Специја (Серија А, Италија, 18.30 часот)
Болоња и Специја примаат многу голови, досега на 19 натпревари по 30, но седумкратниот шампион на Италија, кој денеска е и домаќин, даде 7 погодоци повеќе од ривалот.
Болоња има проблеми со повреди на дел од клучните играчи, па повторно нема да настапат Арнаутовиќ, Сансоне, Де Силвестри, Бонифаци и веројатно Медел.
Специја исто така ќе има отсутни, а голем проблем за нив е ако не игра Нзола, кој е четврти стрелец во Серија А со 9 гола.
Болоња има подобар тим и ќе има поддршка од публиката, па типуваме дека е поблиску до победа.
Предлог тип: 1 (2.05) Супер тип на Sport Life
1801 Лајпциг – Штутгарт (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)
Лајпциг е во позиција да се бори за титулата во Германија и има само 4 бода помалку од лидерот Баерн Минхен.
Популарните Бикови немаат пораз во првенството на последните 10 меча и тоа е одлична серија за толку силен шампионат.
Штутгарт лани се спаси од испаѓање, односно од настап во бараж за опстанок на магичен начин, со победа во последното коло и пораз на Херта, која остана со послаба гол-разлика.
И сега популарните Шваби се израмнети со Бохум, кој има еднаков број бодови, 16, но се со послаба гол-разлика на место за бараж за опстанок.
Штутгарт е над нив за едно место и има големи грижи за опстанокот.
Предлог тип: 1&ГГ (3.10)
3002 Лече – Салернитана (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Салернитана реагираше чудно и го смени тенерот Давиде Никола по дебкалот од Аталанта со 8:2, но потоа раководството се пишмани и го врати назад.
Тоа требаше да биде некаква шок-терапија за локалното дерби со Наполи, но не успеа и тимот од Салерно лесно загуби дома со 0:2 и ја продолжи серијата неуспеси.
Имаат серија од 7 меча без победа и паднаа опасно на табелата, па сега се само две места над зоната за испаѓање.
И Лече нема победа на три меча по ред, а со 20 бода, два повеќе од Салернитана е на две позиции на табелата во Серија А над денешниот ривал.
Предлог тип: ГГ (1.87)
1091 Манчестер сити – Арсенал (ФА куп, Англија, 21 часот)
Националниот куп е многу ценето натпреварување во Англија, па дури дел од фудбалските експерти велат дека пехарот во ФА купот има поголема вредност и од шампионската титула.
Тоа можеби и било така низ историјата, но сега се чини дека Премиер лигата ги надмина сите натпреварувања по квалитет во Англија.
Ова е дерби на 1/16-финалето, но можно е и двајцата шпански тренери, Пеп Гвардиола кај Манчестер сити и Микел Артета кај Арсенал, да комбинираат и да играат и со неколку резерви, односно играчи што не се стандардни.
Тоа е поради фактот што двете екипи се најсериозни кандидати за титулата во Премиер лигата, а засега Арсенал како лидер има предност од 5 бода и меч помалку.
Сити има пет победи по ред против Арсенал, но Топчиите го победија големиот ривал на последниот меѓусебен меч во ФА купот.
Предлог тип: ГГ (1.59)
1301 Алмерија – Еспањол (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Двете екипи се во солидна форма и имаат само по еден порз во последните пет дуели.
Еспањол е рекордер со 8 нерешени натпревари во Ла Лига сезонава по одиграни 18 кола.
И двете екипи имаат проблеми со дефанзивата и одбраните им се скромни, па примаат доста голови.
Но, денеска ќе се игра тврдо и цврсто бидејќи зоната за испаѓање не е далеку и за Алмерија и за Еспањол и секој бод е многу важен, па ќе типуваме дека на „Медитеранеос“ нема да има победник.
Предлог тип: Х (3.15)