1806 Вердер – Борусија Дортмунд (Бундеслига, Германија, 15.30 часот)
И двете екипи се во горниот дел на табелата и играат офанзивен фудбал, па на легендарниот „Везер“ стадион во Бремен се очекува вистинска голеада.
Борусија се бори за титула и има убава шанса да дојде до посакуваниот пехар, а Вердер во сезоната во која се врати во Будеслигата игра одлично и е на осмото место со исполнета главна цел, а тоа е опстанокот.
Главен адут им е првиот стрелец во Бундеслигата, Никлас Фулкруг. Со 13 гола е лидер, а веќе има настапи и за Германија, откако играше на Мундијалот во Катар.
Хендикеп за Борусија ќе биде отсуството на Адејеми, но Милионерите имаат замени и се фаворити на меч на кој најдобра варијанта според нас е да се игра на голови.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.61)
1003 Арсенал – Брентфорд (Премиер лига, Англија, 16 часот)
Арсенал направи голем кикс со пораз од Евертон, но Топчиите кои се лидери имаа и многу среќа.
Ривалите за титулата Манчестер сити и Манчестер јунајтед не победија и не профитираа.
Граѓаните загубија од Тотенхем, Црвените ѓаволи само ремизираа со Лидс дома и Арсенал остана лидер со убава предност.
Арсенал во историјата малку играл против Брентфорд и нема ниту еден пораз и реми, односно на четири меча победил четирипати.
Иако Брентфорд нема пораз во Премиер лигата во 2023 година, или на вкупно 9 меча по ред, Арсенал нема повторно да киксне и типуваме дека ќе го добие лондонското дерби со најмалку по еден постигнат гол на мечот во двете полувремиња.
Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.11)
1602 Лестер – Тотенхем (Премиер лига, Англија, 16 часот)
И двете екипи забележаа прекрасни и многу важни победи во минатото коло во Премиер лигата и во позитивна атмосфера го чекаат меѓусебниот дуел.
Тотенхем го победи Манчестер сити и е кандидат за место во Лигата на шампионите, па можеби и за титулата во Англија.
Лестер ја изненади и победи Астон Вила со 4:2 на гости и побегна од опасната зона за испаѓање.
А, последните дуели меѓу Лестер и Тотенхем беа исклучително интересни и со многу голови.
Лани Тотенхем победи со 6:2, претходно со 3:1 исто така дома, а пред тие два меча двапати славеше и на гости со 3:2 и 4:2.
Нема причина традицијата да не продолжи и тука ќе одиграме на 3 и повеќе голови.
Предлог тип: 3+ (1.85) Супер тип на Sport Life
1008 Борнмут – Њукасл (Премиер лига, Англија, 18.30 часот)
Њукасл по долго време и од ерата на Алан Ширер не бил кандидат за титулата во Премиер лигата.
Шансите се мали, но сепак „црно-белите“ се надеваат на подвиг.
За тоа им требаат победи, а иако се во серија од 16 меча без пораз, на последните пет дури четирипати одиграа нерешено.
Тоа не им одговара и со 40 бода, имаат 10 помалку од лидерот Арсенал со меч повеќе одиграно.
Сега имаат и противник по мерка, бидејќи Борнмут игра слабо и е во лоша форма со шест меча по ред без првенствен триумф.
Њукасл во финишот на 2022 година го победи Борнмут дома со 1:0 во меч од ЕФЛ купот, а вкупно на последните 7 меча нема пораз од денешниот ривал.
Предлог тип: 2 (1.60)
3004 Лацио – Аталанта (Серија А, Италија, 20.45 часот)
И двете екипи се кандидати за настап во Лигата на шампионите што го прави овој меч многу важен.
Победата ќе биде голем потстрек за екипата што ќе успее да ги освои бодовите, а моментно за нијанса е подобар Лацио со 39 бода, еден повеќе од тимот од Бергамо.
Екипата од Рим е непоразена од Аталанта на последните четири меѓусебни натпревари, а и сега според коефициентите е благ фаворит.
Сепак овде ќе се игра на „се,или ништо“, бидејќи реми не им одговара на двете екипи, па очекуваме да има најмалку 3 гола на „Олимпико“ во Рим.
Предлог тип: 3+ (1.85)