Арсенал ако не ја освои Лигата на Европа, нема да има пари за засилувања

Арсенал е во незавидна ситуација. „Топчиите“ не успеаја преку Премиер лигата да се изборат за место во Лигата на шампионите, но сега им останува уште една шанса. Лондонскиот тим ќе игра во елитното натпреварување на УЕФА само доколку успее да триумфира во финалето од Лигата на Европа, каде што ривал му е Челзи.

Според клупскиот план, доколку Арсенал не успее да се пласира во Лигата на шампионите, буџетот за доведување нови играчи ќе биде повеќе од скромни 40 милиони фунти. Тоа е сума со која може да се донесе само еден подобар играч. Сепак, ако Арсенал го освои трофејот во ЛЕ и се избори за место во ЛШ за следната сезона, буџетот за нови играчи ќе биде многу поголем. Тоа значи дека Арсенал има голем притисок, но и мотив да триумфира во финалето против градскиот ривал Челзи.

Финалето се игра во Баку, а Челзи без разлика дали ќе триумфира или не, на „Стемфорд бриџ“ и следната сезона сигурно ќе има елитни мечеви од Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести