16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Арсенал активира уште една трансфер бомба и тоа вредна 65 милиони евра

Арсенал ова лето не штедеше пари и потроши над 200 милиони евра за нови засилувања. Секако дека главна ѕвезда во преодниот рок е Виктор Ѓокореш, за кого беа потрошени 70 милиони евра за предвремен раскин на договорот со Спортинг Лисабон.

Топчиите го доведоа и Мартин Зубименди, кој дојде од Реал Сосиедад и за него беа потрошени 70 милиони евра. На „Емирати“ пристигна и Нони Мадуеке од градскиот ривал Челзи, и тоа за 60 милиони евра.

Сега најавите се дека дресот на Арсенал ќе го облече и Еберечи Езе, кој имаше блескава сезона во Кристал палас. За Езе се интересираше Тотенхем, но, сепак, сега Арсенал изби во прв план.

Најавите се дека фудбалерот веќе ги договорил личните услови со Арсенал, а Топчиите ќе се согласат да платат околу 65 милиони евра (60 милиони фунти) за реализација на овој трансфер.

 

- Оглас -

Најнови вести