Арсенал ангажира двајца тинејџери, Омар Рекик од Херта и Николај Мелер од Малме, за вкупна сума од 1,5 милиони евра, а се чека потписот на Томас Парти од Атлетико Мадрид во финишот на преодниот рок.
Парти е најавен како сигурно засилување за клубот од Лондон откако Топчиите контактирале со Атлетико Мадрид и со Шпанската фудбалска федерација дека се подготвени да ја платат отштетната клаузула од 50 милиони евра за дефанзивниот играч од средниот ред.
Во меѓувреме, на „Емирејтс“ пристигнаа 18-годишните таленти Рекик од Херта и Мелер од Малме.
Рекик пристигна од Берлин во Лондон како позајмен фудбалер од Херта и неговиот трансфер, односно позајмица ќе го чини Арсенал еден милион евра.
Мелер доаѓа од Малме и за него Топчиите платија 500 илјади евра.