Арсенал без проблем, Њукасл добар и со десетмина, Ешли Јанг постави негативен премиерлигашки рекорд

Арсенал беше подобар од Вулверхемптон со 2-0, Њукасл славеше со 1-0 против Саутхемптон, Брајтон го декласираше Евертон со 3-0, а Нотингам форест и Борнмут ремизираа 1-1, во мечевите од англиската Премиер лига кои се одиграа попладнево.

Топчиите со голови на Хаверц и Сака победија рутински над Вулфс и тргнаа победнички во новата сезона.

Дани Велбек 15-та сезона по ред дава гол во Премиер лигата и придонесе за победата на Брајтон. Поразениот Евертон најави кандидатура за испаѓање, а нивниот бек Ешли Јанг кој има 39 години и 39 дена, стана највозрасниот фудбалер кој бил исклучен во англиското првенство.

Њукасл во 28-ма минута остана без Фабијан Шер, но и со десетмина играчи Чавките дадоа гол (стрелец беше Жоелинтон кој цела претходна сезона даде два гола) и победија со 1-0 над Саутхемптон.

Средбата во Нотингам мина во знак на тешката повреда на фудбалерот на Шумарите, Данило.

- Оглас -

Најнови вести