Арсенал без проблеми го реши Лутон и ќе преноќи како лидер на табелата (Видео)

Мртвата трка за титулата во Премиер лигата меѓу Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити полека влегува во завршницата, кога евентуални киксеви може да ги чинат трофеј, а прв кој во 31-вото коло ја заврши работата е тимот од Лондон.

Топчиите рутински со 2:0 го совладаа Лутон и ќе преноќат на лидерската позиција на табелата. Арсенал има 68 бода, еден повеќе од Ливерпул, кој својот меч од 31-вото коло против Шефилд јунајтед ќе го игра утревечер.

Топчиите работата ја завршија уште во првото полувреме, кога ги постигнаа двата гола. Резултатот го отвори Мартин Одегард во 24-тата минута, додека Хашиока со автоголот во 44-тата минута го постави конечниот резултат.

 

Брентфорд и Брајтон одиграа без голови, по што гостите останаа речиси без шанси да обезбедат пласман во европските купови следната сезона. Брајтон има 43 бода, дури 14 помалку од петтиот Тотенхем, додека Брентфорд е на 15-тата позиција со 28 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести