10.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Арсенал блиску до потписот на Денис Суарез

Арсенал ги започна преговорите со Барселона околу услугите на Денис Суарез. Медиумите од Островот наведуваат сума од 20 милиони фунти, наводно ќе биде доволно за Барса да го пушти Суарез да заигра во Премиер лигата.

Унаи Емери добро го познава фудбалерот, и двајцата соработуваа во Севилја во сезоната 2014/15, а во Суарез гледа идеална замена за Арон Ремзи, кој по крајот на сезоната сигурно ќе го напушти „Емирати“ и ќе се пресели во Јувентус.

Шпанскиот фудбалер никако да се наметне во првиот тим на „каталонците“, па Емери сака да го доведе во своите редови и да му пружи вистинска шанса. Суарез сезонава одигра вкупно 221 минути во дресот на Барселона, но само 17 минути од нив се во шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести