Арсенал е на прагот на пласман во полуфиналето во Лигата на Европа откако набрзина, само за шест минути во првото полувреме ја декласира Славија во Прага со три гола, а патем популарните Топчии имаат серија каква што немале цели 89 години.
За првпат од 1932 година играчите на Арсенал постигнаа најмалку по три гола на четири меча по ред на гостински терен.
4 – Arsenal have scored at least three goals in four consecutive away games in all competitions for the first time since December 1932 (a run of five). Synergy. pic.twitter.com/n8y2ugc8Mz
— OptaJoe (@OptaJoe) April 15, 2021
Низата ја почнаа на 11 март со победа против Олимпијакос од 3:1 во Атина, во меч од осминафиналето во Лигата на Европа.
Продолжија со лудото реми на градското дерби со Вест хем, кога губеа со 3:0, но со три гола по ред израмнија на 3:3 и освоија еден бод. Третиот меч на кој како гости постигнаа три гола им е со Шефилд јунајтед, исто така во Премиер лигата, а победија лесно со 3:0 со двата гола на Лаказет и еден на Мартинели.
Вечерва во првото полувреме на реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа од 18-тата до 24-тата минута постигнаа три гола и ја декласираа Славија во Прага и со три гостински тројки по ред го израмнија рекордот од 1932 година.