Арсенал да покаже зошто е гигант во однос на БАТЕ

Арсенал – БАТЕ Борисов (18:55 часот)

Унаи Емери имаше една недела да ги освести своите фудбалери по шокантниот пораз (1-0) од БАТЕ во Борисов. Сега пред своите навивачи „топчиите“ ќе треба да покажат зошто се гиганти во однос на белоруската екипа, во спротивно ќе се случи најголемото изненадување во првата нокаут-рунда во Лигата на Европа. Фудбалерите на БАТЕ немаат убави спомени од последното гостување на „Емирати“, примија шест погодоци, убедливиот пораз сигурно уште боли.

Се очекува атак на Арсенал од самиот почеток на мечот, јасно е дека Емери ќе сака што побрзо да го врати севкупниот резултат на нула, а потоа и да се обезбеди пласман во осминафиналето.

Предлог тип: Т1 3-5 (2.00)

 

Салцбург – Клуб Бриж (18:55 часот)

Непишано правило во фудбалот е дека резултат од 2-1 во нокаут-фаза е најлоша предност, бидејќи голот на гости дава голема надеж во реваншот. Таков е случајот во двобојот меѓу австрискиот и белгискиот шампион. Бриж по првиот меч има водство од 2-1, но „црвените бикови“ ќе дадат сè од себе за да не се донесе заклучок дека голот на гости залудно го постигнале.

Фудбалерите на Салцбург на домашен терен се неприкосновени оваа сезона, во просек постигнуваат од два го три погодоци. Имаа големи очекувања во пресрет на нокаут-фазата бидејќи во групите забележаа максимални шест победи, а Бриж им го нанесе првиот пораз во европското натпреварување оваа сезона.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.20)

 

Зенит Санкт Петербург – Фенербахче (18:55 часот)

Минималните 1-0 по првиот меч за Фенербахче не ветуваат ништо, уште најмалку 90 минути тешка пресметка ги чека во Санкт Петербург. Зенит можеби не работи со полна пареа бидејќи вториот дел од сезоната во рускиот шампионат уште не е почната, но тоа не значи дека без борба ќе се предадат против турскиот гигант, кој е заглавен во проблеми до гуша.

И двајцата тренери се мачат со повреди на неколку клучни играчи, особено ќе недостасува Екичи во составот на „фенерите“, но ова е шанса за нашиот Елиф Елмас повторно да блесне во дресот на гигантот од Истанбул.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.85)

 

Бенфика – Галатасарај (21 часот)

Португалскиот гигант е во пол-позиција со двата гола на гости, па ако добро се подготват, фудбалерите на Бенфика можат и со 0-0 да обезбедат пласман во следната рунда. Но, познавајќи го духот на Галатасарај, во Лисабон ќе приредат „пеколни“ 90 минути и до последна капка пот ќе се борат за исход кој ќе биде во нивна корист.

Само еднаш во историјата овие две екипи се судриле во рамки од европско натпреварување, тоа беше во 2008 година, во форматот на  Купот на УЕФА, каде што во група од пет екипи се играше по еден меч, а токму на тој Галатасарај на гости победи со 2-0. Идентичен резултат вечерва ќе ги однесе во осминафиналето.

Предлог тип: 1X 2-4 (1.95)

 

Динамо Киев – Олимпијакос (21 часот)

Тешко е да се предвиди во кој правец ќе се движи овој натпревар. Олимпијакос ќе мора да нападне бидејќи 2-2 од првиот меч е резултат кој им одговара на фудбалерите на украинскиот тим, а можно е домаќините да запнат и да ги решат сите дилеми околу пласманот во следната фаза.

Динамо во исчекување на вториот дел од сезоната во Украина, изминатиов период играше само пријателски средби, во кои забележа неколку непосакувани резултати. Токму во поразите од Спарта Прага и Њу Ингланд ги покажаа своите слабости, но дали и грчкиот гигант ќе успее да ја најде слабата точка на Динамо и да избори резултат кој ќе ги однесе во осминафинале.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести