Арсенал дава два гола на гости, а Рома конечно ќе победи

Ватфорд – Арсенал (17:30 ч.)

Нема дилема дека гостите се фаворити на овој меч. Топчиите со победа ќе се израмнат по бројот на бодови со Манчестер сити, што е уште еден мотив повеќе да атакуваат на трите бода. Ватфорд започна очајно сезонава и заедно со Вулверхемптон се единствените два тима без победа. Одбраната е слаб дел на домаќините и досега прими осум гола.

Арсенал има квалитетен напад, па сигурно може да се очекува меч со повеќе погодоци.

Предлог тип: Т22+&ГГ (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

Рома – Сасуоло (18 ч.)

Римската волчица неубедливо стартуваше во Серија А. Два меча и две реми не се билансот кој го посакуваат навивачите во црвениот дел од главниот град на Италија. Сасуоло секогаш знае да биде незгоден ривал, но овој тим има неверојатнолоша традиција во дуелите со Рома.

Тимот од главниот град има седум победи и пет реми, без ниту еден пораз од Сасуоло. Така треба да биде и по денешниот меч, а фановите на „Олимпико“ да се израдуваат на првиот триумф на своите миленици.

Предлог тип: 1& 3-5 (2.85) – квота на денот во Sport Life

 

Монако – Марсеј (21 ч.)

Дерби во францускиот фудбал, во кое гостите имаат поголеми шанси за успех. Монако се мачи и уште нема победа, а Марсеј со две победи и тоа во дерби дуелите со Ница и Сент Етјен, покажа дека е во форма. Проблем за домаќините е и тоа што е повреден Јоветиќ.

Традицијата вели дека овие мечеви се полни со голови. На девет од последните 10 средби имало најмалку три гола, а еднаш било 1:1.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.10) – квота на денот во Sport Life

 

Верона – Милан (20:45 ч.)

Верона е повратник во елитното италијанско друштво и добро започна со победа и реми. Милан мака мачи за да даде гол, па по првите две кола гол разликата му е 1:1. Росонерите играат во формација 4-3-2-1, што само ја потврдува нивната дефанзивна орјентација.

Верона ги има добиено претходните два меча против Милан на свој терен, но сега ќе биде тешко да се пробие дефанзивата на гостите.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.08)

 

Падерборн – Шалке (18 ч.)

Меч кој е како измислен за играње на голови. Падерборн во сите три кола сезонава одигра гол-гол, што само потврдува дека нивната филозофија е да се даде гол повеќе од противникот, иако тоа во првите три кола на им успеа. Шалке ги има добиено последните четири нема со овој ривал (две во првенство и две пријателски), па гостите од Гелзенгирхен и сега ќе атакуваат на трите бода.

Во средба која треба да биде со „отворен гард“, типувањето на погодоци е најдобра варијанта.

Предлог тип: ГГ3+ (1.70)

 

- Оглас -

Најнови вести