Мартин Одегард со двата погодоци против Борнмут засега го води Арсенал кон нови три бода и одржување на перфектниот старт во Премиер лигата.
Капитенот на Топчиите двапати во петтата и 11-тата минута ја затресе мрежата на Црешите, за негов прв двоен учинок уште од октомври 2014 година.
Одегард уште кога беше дете на 15 години играше за Стромгодсет, немаше постигнато два гола на еден натпревар, а сега го стори тоа за само шест минути.