Арсенал денеска многу веројатно ќе го добие новиот менаџер, а според сите најави, тоа треба да биде Микел Артета. Десната рака на Пеп Гвардиола веќе присуствуваше на еден состанок со управата на Топчиите на кој биле договорени сите детали околу соработката, се чека само негов потпис, односно зелено светло од сопствениците на клубот да се официјализира ангажманот.
Според англиските медиуми, Артета добил понуда од пет милиони фунти по сезона, односно договор на три и пол години, па во следните 24 часа би требало се потврдат овие информации.
Артета на клупата на Арсенал може да дебитира во дуелот против Евертон претстојниов викенд, тимот чиишто бои ги бранеше oд 2005 до 2011 година, пред да се пресели на „Емирати“.