14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Арсенал две години му држи лекции на Манчестер, но Црвените ѓаволи сега се многу опасни

Арсенал го пречекува Манчестер јунајтед во дуел на две екипи кои некогаш водеа главен збор во битката за титулата во Премиер лигата. Црвените ѓаволи сезонава играат солидно и се втори на табелата, со 10 бода повеќе од денешниот ривал.

Топчиите сезонава дури четири пати беа поразени на свој терен, што значи дека тој не им дава никаква посебна сигурност. Ако се знае дека Манчестер е најдобриот тим на гости, тогаш сигурно може да се очекува неизвесен меч. Тимот на Оле Гунар Солскјер во 10 средби на туѓ терен, сезонава има осум победи и две нерешени без ниту еден пораз.

Сепак кога се работи за меѓусебните средби на овие два тима, Арсенал блеска во последните две години. Одиграле четири пати, а лондончани имаат три победи и едно реми. Дури седум години не одиграле меч без погодоци, што е уште една потврда дека возбудувањата се загарантирани.

Домаќините на овој меч ќе бидат без првата ѕвезда во нападот Пјер Емерик Обамејанг кој е болен. Во отсуство на Обамејанг, Лаказет ќе ја има улогата на прв голгетер.

Манчестер јунајтед нема проблеми околу составот, а интересно е што двата тренери се одлучни да играат во формација 4-2-3-1. Најистурен во нападот ќе биде Кавани, што е промена од последниот меч против Шефилд кога на таа позиција беше Марсијал. Веднаш зад Кавани ќе биде триото Рашфорд, Фернандеш и Погба. Откако е Фернандеш во Манчестер, тимот нема пораз во дуелите со големите ривали.

 

- Оглас -

Најнови вести