Арсенал е апсолутен фаворит против Тотенхем, ремито е најреална опција во Мадрид

Остануваат само уште два дена можност да учествувате во бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Првиот натпревар од ова коло на програмата е во сабота, во 15:30 часот, што значи дека дотогаш може да пополните Спортска прогноза, секако доколку досега не сте го сториле тоа.

Најголем предизвик викендов ќе бидат двата градски дерби-дуела, едниот во Премиер лигата, другиот во Ла Лига.

Лондонското дерби помеѓу Арсенал и Тотенхем има изразит фаворит според играчите на Спортска прогноза, а тоа е домашната екипа на која типувале дури 75% од типувачите.

На дербито во Ла Лига, во Мадрид ќе играат Атлетико и Реал, а најголем процент од играчите предвидуваат реми. Дури 44.28% мислат дека нема да има победник на овој дуел, а 40.78% предност му даваат на Реал Мадрид.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, на ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести