Типувањето за второто коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е отворено од вчера и ќе трае до сабота 15.30 часот.
За најинтересниот саботен меч, дуелот на Манчестер јунајтед и Челзи, поделеноста на прогнозерите е прилично голема, но за неделното премиерлигашко дерби на Арсенал и Манчестер сити, прогнозерите имаат фаворит, тоа е домашниот тим. Од тие што досега типувале, 52,5 отсто сметаат дека ќе победи Арсенал.
В недела има уште две дербија на кои ќе треба да се погоди исходот. Едното е Лацио – Рома (засега најголем е бројот на прогнозери кои типувале нерешено), другото Марсеј – ПСЖ, каде што 74 проценти од тие што досега се изјасниле сметаат дека ќе победат гостите од Париз.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.