Арсенал е „најцрвен“ тим во историјата на Премиерлигата!

Арсенал со денешниот црвен картон на Габриел Мартинели на натпреварот против Манчестер сити, стана првиот тим во историјата на Премиерлигата кој има 100 исклучувања.

Топчиите се единствен тим откако е формирана Премиерлигата во 1992 година, со 100 црвени картони, и го држат негативниот рекорд. Евертон има 99, а Њукасл 90 исклучувања.

Откао тренер на Арсенал е Микел Артета, од декември 2019 година наваму, за две години тимот добил 11 црвени картони. Пред Артета да стане тренер, Арсенал заостануваше за шест црвени картони зад Евертон.

- Оглас -

Најнови вести