5.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Арсенал е подготвен да го продаде напаѓачот и тоа со голем попуст

Бразилскиот репрезентативец, Габриел Жезус, во 2022 година пристигна од Манчестер сити во Арсенал за сума од 45 милиони фунти, но големите проблеми со повредите го спречија да го даде својот максимум.

Сега кога конечно се врати на фудбалските терени најави дека очекува поголема минутажа, но тешко дека ќе ја добие, па веќе ги разгледува опциите за продолжување на кариерата во друг клуб.

Целта на Жезус е да се избори за место во селекцијата на „кариоките“ за Светското првенство 2026 година, па „топчиите“ веќе ја разгледуваат опцијата да го продадат во Евертон.

Очекувањата на Арсенал се дека ќе добијат 30 милиони фунти за неговите услуги и таа е сумата која „карамелите“ ќе треба да ја платат ако сакаат да го добијат Бразилецот веќе на зима.

 

- Оглас -

Најнови вести