Арсенал е подготвен да плати 100 милиони евра за репрезентативец на Словенија

Арсенал е подготвен да му понуди на Лајпциг дури 100 милиони евра отштета за да го доведе Бенјамин Шешко во редовите на лондонскиот тим. Според медиумите во Англија, спортскиот директор на Топчиите, Андреа Берта, веќе имал состанок со преставниците на германскиот клуб.

Лајпциг има активен договор со Шешко до јуни 2029 година, но може да се активира клаузулата ако некој клуб реши да плати 80 милиони евра. Челниците на Арсенал биле подготвени да одат и над таа сума затоа што силно посакуваат да го видт Шешко во своите редови.

Словенецот имаше одлична сезона во дресот на Лајпциг и постигна 21 гол, а имаше и шест асистенции.

На Арсенал за следната сезона му е потребен сигурен голгетер откако сезонава Топчиите срушија еден негативен рекорд од пред 101 година. За првпат од 1924 година Арсенал една сезона ја заврши без ниту еден фудбалер да има двоцифрен број голови. Прв стрелец сезонава во Арсенал беше Кај Хаверц со девет погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести