Управата на Арсенал летово го собори клупскиот рекорд плаќајки му 122 милиони евра (105 милиони фунти) на Вес хем за Деклан Рајс, а сега е подготвена да плати уште повеќе за играчот на Наполи, Хвича Кварацхелија.
Менаџерот на Топчиите, Микел Артета, е импресиониран од игрите кои ги прикажа младиот Грузиец минатата сезона, во која беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата на Наполи во Серија А и им порачал на челниците да тргнат по неговиот потпис.
Англиските медиуми шпекулираат дека понудата за Кварацхелија се очекува да биде поголема од таа што Арсенал ја плати за Рајс, но прашање е дали ќе биде доволна за Наполи да даде зелено светло за трансферот.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1685917117676228609?s=20