Комплетирани се шест кола од лигашкиот дел во фудбалската Лига на шампиони, станува јасно дека Арсенал ќе биде првопласиран на табелата, па затоа на Топчиите од Лондон им се даваат најголеми шанси да бидат нови европски шампиони.
Првото место не мора ништо да значи, тоа се виде и минатата сезона, кога лидерот Ливерпул настрада уште во осминафиналето. Инаку Арсенал, кој ги доби сите шест меча и води со три бода пред вториот Баерн, има огромни 98,7 проценти шанси да биде прв. Шанса да биде прв има и Баерн, но ќе мора во следното коло Баварците да навиваат за победа на Интер против Арсенал.
Во Sport Life квотите за освојувач на ЛШ покажуваат дека три главни кандидати за трофејот се Арсенал, Баерн и ПСЖ, кои се и на првите три позиции во моментов. Потоа следуваат Барселона, Реал Мадрид и Манчестер сити.
Има и некои други интересни квоти, на пример: Аталанта во моментов е петта на табелата, но квотата за Божицата од Бергамо е огромна, 125. Дури на 15 тима им се даваат поголеми шанси за титулата отколку на Аталанта. Дури и Галатасарај, кој е 18-ти на табелата, има помала квота од Аталанта.


