Арсенал е шампион на Премиер лигата – во лошо глумење!

Освен тоа што игра многу слабо на гостувањата како за некој што се бори за висок пласман, екипата на Арсенал се истакнува и по тоа што често се обидува да одглуми фаул, но тоа не им помага.

Од почетокот на минатата сезона наваму, Топчиите добиле дури 7 жолти картони за „дајвинг“, англискиот израз за обид за глума во противничкиот 16-ник. Ниту еден друг премиерлигаш не добил толку многу јавни опомени за обиди за да се измамат судиите со паѓање при непостоечки прекршок. Изгледа ферплејот не им е баш силна страна.

Судиите не му веруваат на тимот на Унаи Емери, а и фудбалерите на Арсенал сега со ВАР-системот не треба толку често да се обидуваат да мамат бидејќи наместо да добијат пенал, добиваат картон.

- Оглас -

Најнови вести