Арсенал е во неверојатна серија во последните два месеци и има девет победи и само едно реми, без пораз, а Топчиите утре ќе имаат голем предизвик. Лондонскиот тим гостува кај Ливерпул во дербито на 12-тото коло во Премиер лигата, меч кој е еден од 13-те дуели во новото коло на Спортска прогноза.
Прогнозерите кои досега ги дадоа своите прогнози речиси воопшто не веруваат дека Арсенал може да продолжи да победува. Помалку од пет отсто веруваат дека Топчиите може да го победат Ливерпул на „Енфилд роуд“, додека за триумф на фудбалерите на Јирген Клоп се речиси 85 отсто од играчите на Спортска прогноза.
Како во секое коло така и сега, главната премија за Среќна 13-ка, односно погодени сите 13 фикса, е мобилен телефон „ајфон 12“. На прогнозерите со 12 погодоци им следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодоци вредносниот ваучер е 500 денари.