Арсенал ги менува плановите, нема да плаќа 100 милиони фунти за нов напаѓач поради Хаверц 

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, и препорача на управата да се откаже од идејата за плати 100 милиони фунти за напаѓачот на Брентфорд, Ајвон Тони, објавија англиските медиуми.

Причина за тоа е Каи Хаверц кој конечно почна да покажува зошто минатото лето Арсенал за него плати 75 милиони евра.

Според весникот „Мирор“, Хаверц игра одлично во последните месеци, досега постигна 10 гола и има пет асистенции, а на последните седум меча за Топчиите во Премиер лигата даде пет гола.

Весникот пишува дека Арсенал веќе се повлекол од трката за потписот со Тони и сега главен фаворит за негов ангажман е Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести