Соработката помеѓу Арсенал и источноафриканската земја, Руанда, и дефинитивно завршува на крајот од оваа сезона и тоа по цели осум години. Договорот за промовирање на туризмот во Руанда е спогодбено раскинат, откако голем дел од навивачите на „топчиите“ протестираа.
Тие бараа од раководството да ја прекине соработката, бидејќи соседната земја, ДР Конго, ги обвинуваше властите во Руанда дека финансираат паравоени структури кои делуваат во пограничните региони на двете земји, поради кои загинале илјадници луѓе.
„Арсенал и Одборот за развој на Руанда спогодбено договорија прекин на соработката на крајот од оваа сезона. Со тоа завршува периодот во кој ‘Visit Rwanda’ беше официјален парнер на Арсенал.“ – се вели во кусото соопштение објавено од властите во Руанда.
Сепак, три европски великани и понатаму ќе го промовираат туризмот во оваа земја. Тоа се ПСЖ, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.

