Екипата на Арсенал славеше со 3:2 на гостувањето кај Челзи во дербито коешто беше во рамките на 25-то коло од Премиер лигата, кое беше одложено поради пандемијата со корона-вирусот.
Топчиите со овие три бода направија голем исчекор во борбата за пласман во Лигата на шампионите со три бода од навистина тежок терен, а најзаслужен за тоа беше Еди Нкитеја, којшто постигна два погодоци.
Конечните 2:4 беа поставени по голот од пенал на Букајо Сака во 92-рата минута.
Со овие три бода, Арсенал сега е блиску да се врати во Лигата на шампионите по пет сезони и има 57 бодови по 32 натпревари, исто колку и Тотенхем. Но, многу работи ќе бидат познати по наредното коло бидејќи Арсенал во недела го пречекува Манчестер јунајтед.
ПРЕМИЕР ЛИГА
Евертон – Лестер 1:1
Челзи – Арсенал 2:4
Њукасл – Кристал палас 1:0