Арсенал го доби дербито против Челзи, победа на домаќините и во втората лондонска пресметка

Арсенал минимално со 1:0 славеше над Челзи во лондонското дерби кое го одбележа 29 коло во англиското првенство. Микел Мерино е стрелец на единствениот гол уште во 20 минута. Со оваа победа Арсенал стигна до 58 бодови и има 12 помалку од лидерот Ливерпул. Челзи останува на четвртото место со 49 бодови.

Со одличните игри продолжува и Фулам кој со 2:0 го победи Тотенхем. Домаќините постигнаа два гола во финишот на средбата и стигна до 45 бодови, искачувајќи се на осмото место на табелата. Тотенхем остана на 34 бодови и е на 13 место на табелата во Премиер лигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести