Арсенал со 2:0 го победи Вест хем во дербито на денот во Премиер лигата. Топчиите во второто полувреме го скршија отпорот на гостите. Младиот 20-годишен Габриел Мартинели донесе голема радост на стадионот „Емирати“.
#ARSWHU
Arsenal 1-0 West Ham | GOAL! Martinelli. pic.twitter.com/Toal3dqSz9— FAST GOALS (@IFAST29) December 15, 2021
Во 69-тата минута Лаказет промаши пенал и не успеа да ја зголеми предноста на домаќините, но Топчиите сите дилеми ги решија со голот на Смит во 87-мата минута.
Арсенал сега има 29 бода, еден повеќе од Вест хем и Топчиите се искачија на четвртото место на табелата.
Во останатите денешни дуели: Брајтон – Вулверхемптон 0:1, Кристал палас – Саутхемптон 2:2.