Арсенал успеа да ја добие лондонската пресметка на „Емирати“ против Челзи со 2-1 и направи уште еден чекор напред кон освојување на шампионската титула. Сега тимот на Микел Артета повторно има пет бода предност пред Сити, но и еден одигран натпревар повеќе.
Вилијам Салиба донесе водство за Арсенал во 21-та минута, по еден корнер, но Челзи израмни со автоголот на Хинкапи во судиското продолжение од првиот дел.
Тимбер повторно после корнер постигна втор погодок за Арсенал во 66-тата минута, а четири минути подоцна Педро Нето го остави Челзи со десетмина играчи и тоа беше решавачко за Топчиите да ја задржат предноста.

