Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, даде зелено светло за активирање на клаузулата со која Пјеро Хинкапи ќе стане прво летно засилување на лондонскиот клуб. По импресивната сезона на позајмица од Баер Леверкузен, Топчиите решија трајно да го задржат еквадорскиот дефанзивец.
Арсенал го донесе 24-годишниот Хинкапие на едногодишна позајмица на 1 септември минатата година, со цена од шест милиони евра и опција за откуп од 52 милиони евра на крајот на сезоната. Иако од клубот официјално велат дека конечната одлука сè уште не е донесена, извори блиски до „Емирати“ тврдат дека Артета е воодушевен од начинот на кој еквадорскиот репрезентативец се вклопил во тимот.
„Пјеро одлично се вклопи во тимот и во клубот воопшто. Сите се многу задоволни со него, а тој едноставно станува сè подобар и подобар“, изјави Артета.
Хинкапи, кој минатиот месец наполни 24 години, имаше потреба од време за адаптација, а поради повреда, првиот настап го забележа дури во октомври. Од тогаш неговата форма постојано расте и досега има 15 настапи. Особено важно е што во клучното дерби против Тотенхем доби предност на позицијата лев бек пред Рикардо Калафиори и Мајлс Луис-Скели.
Како дел од првичниот договор за позајмица, веќе е усогласен и петгодишен договор, кој Хинкапи ќе го потпише. Дефанзивецот сега се надева дека покрај титулата во Бундеслигата, освоена со Баер Леверкузен пред две години, ќе го додаде и медалот за победникот на Премиер лигата. Според договорот, германскиот клуб ќе задржи 10% од секој иден трансфер.

