Пјер-Емерик Обамејанг ќе потпише нов договор со Арсенал и ќе остане во лондонскиот тим до јуни 2023 година. Ова го тврди доверлив извор, а пренесува ЕСПН. Според најавите, голгетерот ќе остане меѓу Топчиите за трансфер вреден 250.000 фунти неделно.
Габонецот дојде во Арсенал во 2018 година од тимот на Борусија Дортмунд и се покажа како вистинско засилување. Во 109 настапи даде дури 70 погодоци, што е и препорака челниците да го задржат напаѓачот. Според досегашниот договор, Обамејанг добиваше 180.000 фунти неделно, а сега платата ќе му се зголеми за 70.000 фунти на неделно ниво.
Освен останувањето на Обамејанг, Арсенал го договори и Вилијан кој досега играше за Челзи, а во редовите на Топчиите треба да дојде како слободен играч и тоа за плата од 100.000 фунти на неделно ниво.