Англискиот премиерлигаш Арсенал е пред комплетирање на уште еден важен трансфер. Дресот на Топчиите треба да го облече голманот Давид Раја. Шпанскиот чувар на мрежата ќе пристигне од екипата на Брентфорд и тоа за трансфер вреден 30 милиони евра.
За утре се најавени лекарските прегледи и потпишување на договорот кој треба да има важност до 2028 година. Раја е искусен голман и треба да биде голема конкуренција на Арон Рамсдејл. Шпанецот во Англија пристигна уште како тинејџер во 2012 година кога потпиша за Блекбурн, а бранеше и за Саутпорт, за да во 2019 година потпише за Брентфорд.
Голманот беше еден од најзаслужните што Брентфорд успеа да се избори за место во Премиер лигата, а во изминативе две сезони во елитното англиско фудбалско друштво два пати беше најдобро оценет голман во шампионатот.
Со доаѓањето на Раја, Арсенал ќе комплетира четири големи трансфери откако летово во екипата пристигнаа и Каи Хаверц (75 милиони евра), Деклејн Рајс (116 милиони евра) и Јуријен Тимбер (40 милиони евра). Топчиите за овие четири важни трансфер вкупно потроши 260 милиони евра.