Арсенал го намести нишанот и реди само победи, сега „настрада“ Лестер

Екипата на Арсенал со го победи Лестер во едно едно од неколкуте дерби натпревари во рамките на 10. коло од Премиер лигата.

Тимот на Микел Артета ја забележа третатата едноподруго победа во најсилната англиска лига и не знае за пораз од дебаклот против Манчестер сити (0:5) и тоа во август.

Гостите од Лондон веќе по првиот дел ја осигураа победата, благодарение на головите на Габриел во петтата и Емил Смит Роу во 18. минута, но, како што пишувавме, херој е Арон Ремздејл кој имаше фантастична одбрана на самиот крај на првото полувреме.

А исто така, фантастичен беше и во продолжението, кога во неколку наврати спречи радост за „лисиците“.

Со оваа победа, Арсенал се искачи на петтото место со 17 бодови, додека Лестер остана на бројката од 14 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести