Арсенал е подготвен да понуди 60 милиони евра за англискиот репрезентативец од Тотенхем, Деле Али, но тој трансфер личи на невозможна мисија.
Трансфер од еден во друг клуб кај смртните непријатели од Западен Лондон е тешка и речиси и невозможна мисија. Особено ако се работи и за актуелен англиски репрезентативец, но Арсенал најави дека ќе испратат понуда, па макар и само за да го нервираат најголемиот ривал во Англија.
Али играше против Шкендија во Скопје во полуфиналето од квалификациите за настап во Европа Лигата, а поради повреда паузираше во финишот на претходниот шампионат во Англија што се доигра во јуни и во јули годинава.
Има 24 години и 37 настапи за Гордиот Албион, а според проценките на Микел Артета, стратегот на Арсенал, токму Али е профил на играч што им треба на Топчиите за да изградат тим што може да се бори за титулата во Англија.