Арсенал го продаде за 600.000 евра, а тој е прв стрелец во Холандија

Дониел Мален е новото холандско чудо за кое се зборува во фудбалска Европа. Младиот голгетер на ПСВ Ајндховен вчера буквално го уништи Витесе постигнувајќи ги сите пет гола во убедливата победа од 5-0. Со сензационалниот настап Мален се искачи на врвот на листата стрелци во холандската прва лига, брои вкупно шест погодоци, а во изминатиов квалификациски циклус дебитираше и во сениорскиот дрес на Лалињата и постигна погодок во победата од 4-2 над Германија.

За новата сензација на ПСВ најмногу жалат во таборот на Арсенал. Мален во 2015 година ја напушти академијата на Ајакс со цел да го оствари својот сон и да го облече дресот на Топчиите, клубот за којшто порано настапуваа неговите идоли Денис Бергкамп и Тиери Анри. Но, пред да добие шанса меѓу сениорите на Арсенал, се врати во родната земја и потпиша за гигантот од „Филипс арената“ само за 600.000 евра.

На стартот од оваа сезона Мален експлодира, а за брзо цената на трансфер-пазарот му порасна за повеќе од 100% во однос на сумата за која Арсенал го продаде две две години.

https://www.youtube.com/watch?v=T8BRGwfJtRo

- Оглас -

Најнови вести