Арсенал го продаде за еден милион, а Гвардиола за него нуди 50 милиони евра

Манчестер сити ќе се засилува со Исмаил Бенасир, играчот за врска на Милан, за кого Граѓаните наводно понудиле 50 милиони евра, колку што изнесува неговата клаузула. Италијанскките медуми тврдат дека Пеп Гвардиола наредил да се осигурат услугите на алжирскиот репрезентативец, кој е член на Росонерите од минатото лето.

Милан го ангажираше Бенасир од редовите на Емполи за 16 милиони евра пред почетокот на сезоната 2019/20, по што Алжирецот се наметна во првиот состав. Неговите настапи не останаа незабележани, па сега Бенасир го очекува трансфер на кариерата во редовите на актуелниот англиски првак.

Бенасир всушност има прилика да се врати во Премиер лигата бидејќи потекнува од школата на Арсенал, од каде што си замина во 2017 година само за еден милион евра по преселбата во Емполи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести