30.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Арсенал го расипа дебито на Постекоглу на клупата на Нотингам Форест (Видео)

Арсенал го победи Нотингам Форест со 3-0 во воведниот меч од новото коло во Премиер лигата. Топчиите немаа многу разбирање за дебитантскиот настап на новиот менаџер на гостите Анге Постекоглу, кој го замени Нуно Еспирито Санто.

Мартин Зубименди беше двоен стрелец на овој меч. Тој го отвори резултатот во 32-та минута со прекрасен волеј-удар, а потоа и стави точка на триумфот со голот во 79-та минута, кога со удар со глава ја затресе противничката мрежа.

На почетокот на вториот дел во листата на стрелците се запиша и Виктор Ѓокереш во 46-тата минута, на асистенција на Езе.

Проблем за Микел Артета сигурно е повредата на капитенот Мартин Одегард, кој поради проблеми со рамото мораше да излезе од игра уште во 18-тата минута од дуелот.

- Оглас -

Најнови вести